Featured

ИНСТИТУТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА ГЕОГРАФИЈА КАКО ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ НАУЧЕН КОНГРЕС ICON BEST 2026

Вработени и соработници на Институтот за национална географија беа дел од десеттиот Меѓународен научен конгрес ICON BEST 2026, кој се одржа на 10 октомври 2026 година во Скопје, во организација на Универзитет Скопје. На Конгресот учествуваа повеќе од 100 учесници, меѓу кои ректори, научници, академици и меѓународни експерти од 20 држави.

Под мотото „Дигитални хоризонти: Паметна економија и интелигентен туризам“, ICON BEST 2026 беше посветен на актуелните прашања поврзани со вештачката интелигенција, дигиталната трансформација, иновациите и нивното влијание врз економијата, туризмот, образованието и општеството. Во рамките на пленарните излагања и научните сесии беа разгледани повеќе од 100 научни труда, што овозможи широка размена на научни сознанија, истражувачки резултати и современи пристапи кон глобалните технолошки, економски и општествени предизвици.

На Конгресот свои излагања имаа истакнати домашни и меѓународни научници и експерти, меѓу кои проф. д-р Иво Јосиповиќ, проф. д-р Александар Зиданшек, проф. д-р Орхан Хикмет Азизоглу, проф. д-р Антонио Карлес, проф. д-р Едуардо М. Пичирили, Јоланда Пердомо и проф. д-р Јове Кекеновски. Научните дискусии беа насочени кон современите процеси на дигитализација, примената на вештачката интелигенција и нивните пошироки економски, образовни и општествени последици.

Присуството на вработените и соработниците на Институтот за национална географија на ваков меѓународен научен настан претставува можност за презентација и размена на научни сознанија, воспоставување нови професионални контакти и продлабочување на соработката со истражувачи и претставници на високообразовни и научни институции од различни земји. Особено значајна е можноста за интердисциплинарно поврзување на географските истражувања со современите процеси во економијата, туризмот, дигитализацијата и одржливиот развој.

Во рамките на ICON BEST 2026 беа создадени и дополнителни можности за меѓународно академско поврзување и соработка. Универзитет Скопје, како организатор на Конгресот, потпиша меморандуми за соработка со девет високообразовни институции од Турција, Италија, Словенија, Јордан, Ирак, Северен Кипар и Пакистан. Овие активности ја нагласија важноста на академската размена, мобилноста и заедничките образовни и научноистражувачки иницијативи во современото високо образование.

Посебен сегмент од Конгресот беше и потпишувањето на Скопската декларација – „Универзитетите, академиите и училиштата како засолништа на мирот“, со која беше испратена порака за заштита на образованието, науката и културното наследство и за нивната улога во градењето на мирот и меѓународната соработка.

Учеството на вакви научни собири е значајно за унапредување на научноистражувачката работа на Институтот за национална географија, развивање на соработката со домашни и странски истражувачи и институции и зголемување на видливоста на научните резултати. Институтот и во иднина ќе го поддржува активното присуство на своите вработени и соработници на домашни и меѓународни научни конференции, како важен дел од развојот на науката, размената на знаења и воспоставувањето нови форми на академска соработка.

ПОДДРШКА ОД ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ГЕОГРАФИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ГЕОГРАФИЈА

Регионалните натпревари по географија за учебната 2025/2026 година беа успешно реализирани со активна поддршка од Институт за национална географија при Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје, при што се обезбеди стабилна научна и организациска...

УТМС ИНСТИТУТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА ГЕОГРАФИЈА - ПОДДРШКА ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ПО ГЕОГРАФИЈА

УТМС Институтот за национална географија изразува поддршка за натпреварите по географија што ги организира Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје. Во рамки на овие активности, на 28.02 се...

Контакт

Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија

+389 02 3093209

Добивајте новости

Please fill the required field.