Регионалните натпревари по географија за учебната 2025/2026 година беа успешно реализирани со активна поддршка од Институт за национална географија при Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје, при што се обезбеди стабилна научна и организациска рамка за спроведување на натпреварите. Ангажманот на Институтот се огледа во унапредување на стручниот пристап, поддршка во подготовката на содржините и поттикнување на аналитичкото размислување кај учениците, што придонесе за повисоко ниво на квалитет во целокупниот процес. Преку вакви активности се зацврстува врската помеѓу образовната практика и научната мисла, при што младите добиваат можност за подлабоко разбирање на географските појави и нивната просторна поврзаност.








Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија
+389 02 3093209