Визијата на УТМС Институтот национална географија се базира на неколку клучни предности. Меѓу неговите главни предности може да биде долгогодишно искуство и акумулирано знаење за спроведени примарни истражувања и континуирана соработка на УТМС со економијата и јавниот сектор. Нашата визија е да стане призната научно – истражувачка организација во земјата и странство, а со своите академски стандарди да се доближи на најдобрите европски институти. Со популаризирање на националната географија како наука ќе се подигне јавната свест за важноста на научните истражувања и иновации за општеството во целина. Како независна научна институција, со негување на тимската работа и соработка Институтот за национална географија да стане лидер во апликативни научи истражувања во регионот, а со своите активности да ги поврзува истражувачката работа и образованието.
Основањето на УТМС Институтот за национална географија во состав на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во рамките на научноистражувачкиот и образовниот процес во Република Македонија, ќе овозможи создавање на автономен, научно-истражувачки и високообразовен Институт, кој ќе одговори на современите барања во научно-истражувачката, апликативната и наставната дејност, во рамките на научно-истражувачките подрачја природно- математичките науки, техничко-технолошките науки и општествените науки, обезбедувајки услови за континуиран развој на надградување на знаења и на доживотно образование, определен за постигнување на европските норми и стандарди во сите области на своето дејствување.
Мисијата на УТМС Институтот за национална географија на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е создавање на предуслови и реализација на научни истражувања и едукација на компетентни стручњаци, во областа за која УТМС Институтот за национална географија е основан и во рамките на научно-истражувачките подрачја природно- математичките науки, техничко-технолошките науки и општествените науки, препознатливи на пазарот на услуги, чии резултати значајно влијаат на унапредувањето на економските појави и стопанството.
Мисијата на УТМС Институтот за национална географија како научна установа работи на основни, применети и развојни мултидисциплинарни научни истражувања, како и на нивно постојано унапредување во областа на географијата, експертската, едукативната и консултантската работа, со цел применливост на научните сознанија, споделување и популаризација на стекнатите сознанија со индивидуалци, и со јавниот и приватниот сектор на национално и меѓународно ниво.
Основни стратешки цели на УТМС Институтот национална географија се: унапредување на научно истражувачката работа, подобрување на квалитетот на научната работа, вклучување во меѓународни проекти и интензивирање на меѓународната соработка за работа на истражувачки проекти, собирање на просторни и географски податоци со цел изработка, подготовка и преглед на географски материјали и документи. Преку целите се реализира поврзување на науката, наставата и практиката и се промовира дијалог меѓу различните јазичните групи на Македонија, се дава придонес за тековните дебати за општествено-политички прашања, а со научни и професионални активности се спроведува популаризирање на научно-истражувачката работа и развојот на програмата за поддршка на развојот на националната географија.
Посебно, Институтот ги проучува просторните појави, објектите, облиците, односите, состојбата и процесите во одредената географска средина. Истражувањата на Институтот се однесуваат на просторните области на Република Северна Македонија и пошироко во регионот, Балканскиот Полуостров, Европа и светот.
Врз основа на наведените стратешки цели, се планираат стратегии и активности за истражување.
Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија
+389 02 3093209