- Спроведување истражувачки студии во областите како што следува: физичка географија (геоморфологија, кватернарна палеогеографија, хидрологија, климатологија, геоекологија и заштита на животната средина), социо-економска географија (урбана и популација географија, географија на земјоделството и руралните области, географија на индустријата, транспорт и услуги), политичка географија, картографија, просторна организација, локален и регионален развој,
- Обука на научен кадар и истражувачки работници, како и специјалисти со високи квалификации во географските науки,
- Поддршка на млади истражувачки работници кои ја започнуваат својата научна кариера,
- Споделување на наодите од студиите со владините институции и локалните власти за да ги искористат во пракса во корист на економијата,
- Промовирање меѓународна научна соработка преку спроведување истражувачки проекти заедно со странски партнери, како и учество во научни конзорциуми,
- Ширење на знаењето стекнато преку истражувачките работи спроведени во Институтот,
- Издавачки активности.
Области
УТМС Институтот за национална географија својата дејност во рамките на научноистражувачките активности ги развива и изведува во областите:
- Физичкa географија, во која се истражуваат сите физичко-географски дисциплини, со фокус на физичко географско истражување на природните и геоеколошките процеси во Република Македонија, како истражување на ерозивно-денудационите процеси, процесите на наклон и хидрогемоморфолошките процеси;
- Општествена географија, во која се опфатени истражувања за населението, популацијата и антропогеографските истражувања;
- Регионална географија за истражување на просторното планирање и животната средина, која опфаќа основни и применети географски истражувања за Република Македонија и нејзините предели, ги подготвува основните географски монографии за Република Македонија, како земја и како дел од светот и развива географска терминологија;
- Заштита на животната средина, со фукус на истражувањата во областа на заштитата на животната средина и природата, пејзажната екологија, хуманата екологија, земјоделството, градовите, хидрогеографијата, постојаното искористување на природните ресурси, управувањето и економичноста со отпадот, еколошката инфраструктура и јавната свест;
- Картографијата и просторното планирање, за подготовка на база на податоци, обработка на податоци, дизајн и изработка на тематски карти, објавување на карти и историска картографија;
- Природни непогоди, и се однесува на продлабочување на истражувањата на природните непогоди и ризици во Република Македонија, од гледна точка на физичката и човечката географија;
- Географските информациски систем (ГИС), за развој и подготовка на географските информациски системи како поддршка на различни проекти;
- Човечка географија, и се однесуваат на истражувања во областа на човечката и економската географија, регионалното планирање и применетата географија.
Значајно за функционирањето и промoцијата на дејноста на УТМС Институтот за национална географија е постоењето на:
- Географски музеј, во кој се собираат, организираат и чуваат географски и картографски архивски материјали, и
- Географска библиотека, во која се собираат, организираат и чуваат публикации од областа на географијата.
Насоки на дејствување
Насоки на дејствување на Институтот:
- посветеност кон највисоките стандарди во научните истражувања во областа на општествените, природно-математичките и техничко-технолошките науки;
- вклучување во европскиот круг на научноистражувачки и високообразовни институти;
- развој на највисоки истражувачки и етички начела;
- континуирано зајакнување на компетенциите на наставно-научниот, научниот и соработничкиот кадар и привлекување на кадар со пошироко-национално, регионално и меѓународно реноме;
- високо ниво на квалитет во истражувањата и практиката, науката и образованието;
- наставна дејност која ги подготвува студентите да одговорат на предизвиците на пазарот на трудот и промените во опкружувањето.
Вредности
Својата образовна и научно истражувачка работа Институтот ја темали на основните вредности за квалитетот на научната работа и начелата на етика, независност, непристрасност и релевантност на истражувањата.