УТМС Институтот за национална географија е основан на 31 мај 2020 година, како една од единица во институционалната организација на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Институтот е научна институција, чија главна дејност е организација и систематска работа за унапредување на научните истражувања во областа на националната географијата и сродните научни дисциплини. Институтот за национална географија е основан со цел да ја поттикне и да ја координира научно истражувачката работа преку иницирање на истражувачки и развојни проекти, соработка со меѓународни научно-истражувачки организации на научни и апликативни проекти во областа на: физичка географија, географии на население и населени места, социјални географии, регионална географија, картографија и просторно планирање.

Институот е формиран да одговори на стратешките предизвици кои се однесуваат на глобалните промени и да придонесе за промоција и популаризација на иновативното размислување и подигањето на општествената свесност за значењето и корисноста од примената на стекнатите научни сознанија во областа на географијата.

Особено, задача на Институтот е да ги проучува просторните феномени, објекти, форми, односи, состојби и процеси во географската средина која ги опфаќа просторните области на Република Северна Македонија.

Научната активност на Институтот се изведува во согласност со позитивните законски прописи за научно-истражувачка дејност на Република Северна Македонија и поставената програмска ориентација за работа.

Институтот организира научни конференции, семинари, работилници и симпозиуми на актуелни географски теми и соработува со географски институции во земјата и странство, како и  предавања, промоција и учество на Институтот на разни настани во државата.

Институтот за национална географија има свој знак и лого за деловна и визуелна комуникација.

Контакт

Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија

+389 02 3093209

Добивајте новости

Please fill the required field.