УТМС Институтот за национална географија изразува поддршка за натпреварите по географија што ги организира Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје. Во рамки на овие активности, на 28.02 се реализираше општинската фаза од натпреварите по географија, на која учениците од основните училишта имаа можност да ги покажат своите знаења и интерес за географската наука.
Овие натпревари претставуваат значајна образовна активност преку која се поттикнува љубопитноста за изучување на просторот, природните процеси и општествените појави, а учениците добиваат можност да ги развиваат своите аналитички способности и истражувачки пристап кон географијата.
УТМС Институтот за национална географија ја поздравува посветеноста на наставниците и организаторите кои придонесуваат за успешна реализација на натпреварите и ја изразува својата подготвеност за поддршка на ваквите образовни иницијативи кои придонесуваат за унапредување на географското образование.
Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија
+389 02 3093209