УТМС Институтот за национална географија, во соработка со националните и регионалните здруженија на географите во Република Северна Македонија, внимателно ги следи сите промени поврзани со најавата на новата Концепција за основно образование. Во овој контекст, Институтот ја анализираше активностите реализирани во текот на изминатите две години, како и објавените програми за VI одделение на официјалната страница на Бирото за развој на образованието.
Свесни за неопходните промени во образовниот систем, Институтот, заедно со здруженијата и синдикатите за образование, ги споделува своите искуства, забелешки и сугестии во однос на интеграцијата на предметот географија во Природни науки и во предметот Историја и општество. Имено, Институтот укажува дека ваквата интеграција може да предизвика пропусти во наставниот процес, кои би се одразиле како на наставниот кадар, така и на учениците.
Во продолжение, Институтот ги презентира заклучоците, забелешките и конкретните предлози, со цел зачувување на географијата како посебен предмет во основното образование, со цел унапредување на квалитетот на наставата и целокупниот образовен процес.
Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија
+389 02 3093209