Институтот за национална географија при Универзитет Скопје е формиран како научно-истражувачка установа која има основна цел да ја осовреми географската наука во целост но и сите нејзини гранки и интердисциплинарните полиња во кои географијата е застапена како наука како што е економијата, геополитиката, геостратегијата, туризмот и етнографијата. Имено, Институтот за национална географија преку својата научно-истражувачка дејност се фокусира на изнаоѓање на најсовремени практични решенија не само за научниот, туку и за општествениот развој во Македонија во целост.
Институтот за национална географија преку сеопфатна научна анализа, ги идентификува силните страни во интердисциплинарната експертиза, пристапот до најсовремената технологија со што ја зголемува мрежата на постојано ангажирани и на надворешни истражувачи, соработници и советници. Токму преку погоре спомнатата анализа, Институтот ќе ги препознае и слабостите во ограничувањата за развој на науката денес, како и ограничениот пристап, и ќе се стреми за пронаоѓање на домашни и надворешни форми на работа преку учество во различни национални и меѓународни проекти. Научниот тим на Институтот има сфатено дека можностите лежат во новите истражувачки области и потенцијални партнерства, додека заканите вклучуваат конкуренција од други истражувачки институции.