Нашата визија е да станеме регионален лидер во унапредување на знаењето и разбирањето во областите на географијата и геополитиката. Наша цел е да придонесеме за информирано донесување одлуки, да ја поттикнеме соработката и да одговориме на итни глобални предизвици преку иновативно истражување и образование.

Воедно УТМС Институтот за национална географија има за цел да се претвори во регионална тинк-тенк организација која своите услуги ќе им ги пружа како на државни институции, така и на приватниот сектор. Имено, кога станува збор за услуги пре се се мисли на научни истражувања кои за посебни проекти ќе имаат за цел да ја доловат реалната состојба на институциите и компаниите.

Нашите краткорочни цели вклучуваат проширување на капацитетот за истражување, зголемување на јавниот ангажман и обезбедување финансирање за клучните иницијативи. Сепак во оваа фаза ја вклучуваме и потребата од запишување на студенти на нашите две студиски програми; географија и геополитика, се со цел да овозможиме првоначелна финансиска стабилност.

Долгорочните цели се фокусираат на воспоставување на научно-истражувачка работа по географија и геополитика како доверлив ресурс за креаторите на политиките, поттикнување на меѓународната соработка и влијание на регионалниот, па и глобалниот дискурс за геополитичките прашања.